ВЕСТИ
МРЕЖА ОД СОВЕТИ НА ПУБЛИКИ


Инфо РЕСИС и ФРЛЗ – Штип започнаа со првата фаза за основање на платформата #LocalActive
Институтот РЕСИС заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип ја продолжуваат соработката остварена во рамки на формирањето на Мрежата од совети на публики (МСП) со новиот проект за креирање на платформата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.
Повеќе
Инфо Дебата: Ранливите групи во јавната сфера
Во рамките на Деновите на медиумска писменост за децата и младите 2021, на 30 ноември, беше одржана презентацијата на акциското истражување: „Ранливите групи во јавната сфера“, во организација на Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС. Дополнително, во рамки на настанот беше претставен Прирачникот за медиумска писменост за родители.
Повеќе
Инфо Над 50 граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите групи ја оформија Мрежата од совети на публики
Мрежата од совети на публики е формирана за да им овозможи на граѓанските организации да дејствуваат на консолидиран и координиран начин со цел да ги унапредат комуникациските права на ранливите групи во медиумската сфера, да им обезбеди пристап до процесите на креирање на медиумските политики и да гарантира нивна соодветна застапеност во медиумските содржини.
Повеќе
Инфо Иницијатива за само-регулаторен акт за подобрување на пристапот на ранливите групи до медиумските содржини
На 22-ри јуни 2021 година РЕСИС ја одржа шестата работилница на која се дискутираше за правата на ранливите групи во јавната сферасо претставниците на граѓански организации од Скопје и од Вардарскиот регион. Главната тема на работилницата беше како да се подобри пристапот и видливоста на сите ранливи категории граѓани во програмските содржини на јавниот сервис и на приватните медиуми. Од работилницата произлезе иницијатива за организирање заедничка дебата на граѓанските органзации, претставници на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски усуги, Советот за етика во медиумите и Советот на честа при Здружението на новинарите.
Повеќе
Граѓанските организации треба да се поддржуваат и во еден глас да реагираат кога се нарушени правата на која било ранлива група
На 15-ти јуни 2021 година, се одржа петтата работилница на тема: „Правата на ранливите групи во медиумската област“ со граѓанските организации од Полошкиот и Југозападниот регион. На работилницата се разви дискусија за работата на онлајн медиумите и говорот на омраза против ранливите групи на социјалните медиуми и порталите. Онлајн медиумите не се регулирани со закон, туку со со саморегулаторни акти, а содржината на социјалните мрежи не е предмет на регулација. Затоа, мошне важно е граѓанските организации да се самоорганизираат и заеднички да ги следат и реагираат на содржините објавени на социјалните мрежи.
Повеќе
Инфо Кампањите за правата на ранливите групи се од јавен интерес, но нивното емитување на аудиовизуелните медиуми не е соодветно уредено
На четвртата работилница за „Правата на ранливите групи во јавната сфера“ одржана на 1 јуни 2021 година, со претставници на граѓанските организации од Пелагонискиот регион, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Советот за етика во медиумите се дебатираше за пристапот на ранливите групи до медиумите, за потребата од соработка на граѓанските организации со новинарите, но и за тоа дека приватните медиуми треба да покажат поголем интерес и одговорност во подигнувањето на свеста за правата на ранливите групи.
Повеќе
Инфо Граѓанските организации треба да го променат пристапот кон медиумите - доколку сакаат да ја пренесат својата порака
На 20-ти мај 2021 година беше одржана третата работилница организирана од Институтот РЕСИС со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас, на која претставниците на ГО кои ги застапуваат ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион разговараа за правата на ранливите групи во медиумската област. На работилницата учествуваа и претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сашо Богдановски) и Советот за етика во медиумите (Мирче Адамчевски).
Повеќе
Инфо Пристапот до медиумите на локалните заедници и ранливи групи е сериозно загрозен
Колку и како се претставени ранливите групи во локалните и националните медиуми, беше главна тема на дискусијата меѓу претставниците на граѓанските организации од Североисточниот регион на работилницата организирана на 27-ми април 2021 година, со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас. Претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Емилија Петреска Камењарова) и на Советот за етика во медиумите (Мирче Адамчевски) на почетокот говореа за надлежностите и работата на овие тела и можностите за поврзување со локалните граѓански организации.
Повеќе
Инфо За маргинализираните (најчесто) се известува маргинално
Кои се комуникациските права на ранливите групи во јавната сфера? Со кои проблеми се соочуваат ранливите групи при остварувањето на нивните права? Како можат тие права да се унапредат низ умрежување и заеднички активности на граѓанските организации и како во тоа можат да помогнат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и Советот за етика во медиумите? Ова беа прашањата за кои, на онлајн работилницата одржана на 30 март 2021 година, разговараа неколку граѓански организации од Источниот регион со претставниците на регулаторното и саморегулаторното тело.
Повеќе
ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе