Институтот РЕСИС, со поддршка на програмата ЦИВИКА Мобилитас, работи на воспоставување Мрежа од совети на публики, во осумте региони низ земјава, составени од претставници на ГО кои работат на остварување на правата на различни ранливи групи.
Целта на оваа Мрежа е низ координирано заедничко дејствување граѓанските организации да извршат поголемо влијание врз медиумите и медиумските политики со цел да се направи квалитетен исчекор во поглед начинот на кој во медиумската сфера се остваруваат правата на ранливите групи.