ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 22-ри јуни 2021 година РЕСИС ја одржа шестата работилница на која се дискутираше за правата на ранливите групи во јавната сферасо претставниците на граѓански организации од Скопје и од  Вардарскиот регион. Главната тема на работилницата беше како да се подобри пристапот и видливоста на сите ранливи категории граѓани во програмските содржини на јавниот сервис и на приватните медиуми. Од работилницата произлезе иницијатива за организирање заедничка дебата на граѓанските органзации, претставници на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски усуги, Советот за етика во медиумите и Советот на честа при Здружението на новинарите.

Skopje i Vardarski region1

Соња Наскова од Граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ од Свети Николе, нагласи дека соработката на граѓанските организации со локалните медиуми од нивното подрачје е добра, но дека сепак тоа не е случај со приватните медиуми на национално ниво. Нивната организација прави повремено мониторинг на централните вести на поголемите телевизии како Канал 5, Алфа, Сител, МТВ1, 24Вести. Според резултатите од мониторингот, мошне малку се известува за ранливите грипи, така што навистина е потребно да се работи на подобрување на пристапот и видливоста на ранливите групи во програмите на националните дифузери.

Сузана Стојановска, од организацијата Доза Среќа од Скопје спомена дека некои граѓански организации, како Инклузива од Куманово, напорно работеле на зголемување на пристапноста на лицата со телесна попреченост до програмите. На пример, мониторингот на програмите за време на избори им помогнал да ја подигнат свеста за важноста на известувањето за правата на ранливите групи во изборниот процес. Сепак, во медиумите малку се известува за постигнувањата и успесите на лицата со посебни потреби, додека успесите на други личности се дочекуваат со реакции и јавни признанија. Кога тоа ќе го прават лицата со посебни потреби, едвај успеваат да убедат некој онлајн портал да објави информација. Со успесите и достигнувањата на овие луѓе се претставува и државата, децата се амбасадори во светот, а никој тоа не го знае. Децата со посебни потреби треба да се охрабруваат со тоа што ќе се зборува јавно за нивните успеси, но тие се уште се маргинализираат во медиумите.

Емилија Петреска Камењарова, од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) објасни дека регулаторот настојува да ги мотивира медиумите да бидат подостапни за лицата со сетилна попреченост, на тој начин што би бил усвоен саморегулаторен документ со кој самите ќе се обврзат да го зголемуваат континуирано бројот на емисии што би биле достапни и за лицата со посебни потреби. Ова е всушност барање и од Директивата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија со која мора да се усогласи медиумското законодавство во сите европски држави. Едно од барањата во Директивата е да се воспостави посебна национална контакт точка преку која ќе може да се комуницира меѓу медиумите и меѓу граѓаните. АВМУ има воспоставено таква адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., така што доколку се прати меил на оваа адреса, информацијата стигнува до националните и регионалните телевизии во Македонија.

Наташа Ангелеска од граѓанската организација ХАЕ од Скопје, додаде дека е точно дека медиумите избегнуваат вести за групата граѓани што тие ги застапуваат освен ако станува збор за некоја негативна вест. Скоро никогаш не се интересираат за успесите или позитивните аспекти од животот на ранливите групи. Неопходно е да се развие дебата со уредници и новинари за тоа како може овие теми да се најдат почесто во програмата на главните медиуми. Тие досега на регионално ниво организирале настани и конференции, но само еден или два онлајн медиуми се нафаќаат да објават нешто од таквите настани. Не постои самоиницијатива кај медиумите да направат сторија за тоа што се случува во животите на припадниците на оваа ранлива група или каков е напредокот на квалитетот на нивниот живот. Јавниот сервис ги покрива овие теми главно во утринските програми.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе