Институтот РЕСИС од Скопје го реализира проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локални Активни Медиуми, чија главна цел е да го подобри пристапот до јавната сфера на ранливите групи граѓани од Источниот и Југоисточниот регион, преку развивање на комуникациските вештини и способности на граѓанските организации кои работат со ранливи групи и преку создавање на онлајн медиумската платформа #LocalActive од која ќе се информираат и во која ќе партиципираат со свои содржини ранливите групи од двата региона. Проектот е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED) .