ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 20 август се одржа онлајн состанок со потенцијалните членови на редакцијата на Локал Актив Пелагонија, на кој присуствуваа седум локални новинари од Пелагонискиот регион.

Screenshot 2025 08 20 113556
На состанокот тимот на РЕСИС ги претстави обврските на новинарите во креирањето на сториите и најавија отворен повик за избор на уредник на платформата. Уредниците на платформата ќе функционираат по ротирачки систем, а првиот уредник на платформата Локал Актив Пелагонија ќе биде избран на почетокот на септември.

Уредниците покрај задачите поврзани со продукцијата на сториите за медиумот на заедницата, ќе бидат одговорни за пишувањето локални вести за Пелагонискиот регион. Овие вести треба да бидат пред сѐ за локалните заедници и да ги отсликуваат случувањата кои честопати не се релевантни за мејнстрим медиумите.

На состанокот беше објаснета улогата на новинарите и активистите и начинот на кој тие ќе соработуваат при креирањето на сториите за платформата Локал Актив Пелагонија. Новинарите кои присуствуваа на состанокот ги добија насоките за креирање на содржини, а исто така беше најавена работилница за пишување новинарски аналитички приказни, која ќе се одржи на 3 септември во Прилеп, каде новинарите ќе имаат можност и да презентираат свои идеи за идните стории за медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија.

Првите содржини на платформата lap.mk ќе бидат објавени во текот на септември.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе