ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

ИСТРАЖУВАЊА

Јавните институции често имаат потреба од стручна помош во оценката на импактот од јавните политики или од прибирање податоци за ставовите, перцепциите и однесувањето на граѓаните во различни области. РЕСИС може да им пружи поддршка на јавните институции на различни начини:

  1. Оценка на импактот од јавните политики
    РЕСИС работи со мрежа од експерти кои можат за потребите на јавните институции да изработат проценка на можното влијание на новата регулатива со цел да се утврди дали со неа ќе се остварат посакуваните резултати. Проценката на влијанието на регулативата (Regulatory Impact Assessment) е често невозможна без изработка на детална студија и консултација со засегнатите страни.
  2. Истражувања на ставови и перцепции
    За потребите на јавните институции, тимот на РЕСИС може самостојно да испланира и спроведе целосно истражување на ставовите и перцепциите на граѓаните, корисниците на јавните услуги, вработените и другите целни јавности.
  3. Обуки за самостојно прибирање на податоци
    РЕСИС организира индивидуални или групни обуки за вработените во јавните институции на кои им се потребни знаења и вештини за прибирање и анализа на податоци во различни области на јавните политики. Содржината и времетрањето на обуките се обликуваат според потребите на јавните институции.

Дел од темите што може да се вклучат во обуките се следните:

  • Вовед во истражувања на политиките (Policy Research)
  • План за деск истражување
  • Квантитативни и квалитативни податоци
  • Анализа на документи
  • Пишување истражувачки извештај и документ за јавни политики

Реализирани истражувања:

 

rez1Процена на комуникациските процеси и комуникациските практики на Собранието на Република Северна Македонија

Како дел на Проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“, Институтот РЕСИС спроведе сопфатна Процена на комуникациските процеси и комуникациските практики на Собранието на Република Северна Македонија. Целиот проект има за цел поставување основа за долгорочна поддршка на Собранието на РСМ преку процена на достапните човечките ресурси, помош во стратегиското планирање и развивање препораки за подобрување на механизмите на финансиска контрола, транспарентност и отчетност. Проектот е координиран од Фондацијата за демократија Вестминстер, цо поддршка на Британската амбасада во Скопје. Придонесот на РЕСИС во овој проект ја постави основата за идното стратегиско комуницирање на Собранието на РСМ.

   

КОМУНИКАЦИСКИ СТРАТЕГИИ

За да ги остварат своите цели и активности, јавните институции имаат потреба од специфично знаење од областа на комуникациите. За таа цел, тимот на РЕСИС нуди изработка на комуникациски стратегии и планови прилагодени на мисијата, целите и обврските на јавните институции. Со помош на комуникациските стратегии јавните институции ќе можат:

  • да ги анализираат и детектираат слабостите на внатрешната комуникација;
  • да ги идентификуваат слабостите во комуницирањето со целните јавности;
  • јасно да ги утврдат перцепциите, ставовите и очекувањата на целните јавности;
  • подобро да ги дефинираат пораките и да досегнат до поголем број целни јавности;
  • да ја подобрат ефикасноста на комуникациските алатки што ги применуваат.

 

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе