МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија

Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна мисија е да го унапредува теоретското и практичното знаење за процесите на општествената промена и општествениот развој.

Нашата работа е насочена кон унапредување на концептот на општествен развој што во фокусот ги става граѓаните, а особено маргинализираните групи, со цел да се изгради поправедно општество кое на сите им дава еднакви можности за личен развој. За таа цел институтот работи на:

Развивање нови знаења за процесите низ кои поединците и организациите се мобилизираат со цел да направат промена
Поттикнување иницијативи преку кои граѓаните ќе можат да влијаат врз организацијата на државата и врз ефикасноста на институциите
Промовирање на клучната улога на медиумите во демократијата, доброто владеење и  општествениот развој
Развивање иновативни методологии за истражување на општествените промени
Промовирање највисоки стандарди во истражувачката пракса во социологијата и другите општествени науки
Развивање протоколи за мониторинг и евалуација на ефектите од јавните политики

Визија

Визијата на РЕСИС е да влијае врз општествените промени во дигиталното време преку развивање и примена на нови научно-истражувачки методи.

РЕСИС е основан во 2017 година како резултат на растечката потреба за спроведување на врвни општествени истражувања во земјата. Тимот на РЕСИС е составен од водечки експерти од полето на социологијата, медиумите и комуникологијата, политикологијата, економијата, статистиката и др.

За РЕСИС

РЕСИС е основан во 2017 година како резултат на растечката потреба од компетентни општествени истражувања.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Христо Смирненски бр. 25 - 33 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk