ИСТРАЖУВАЧКИ ОБЛАСТИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Областа на Евалуациските истражувања се фокусира на проценка на импактот на различни програми или проекти чија цел е да се постигне промена или развој во некое општествено поле. За таа цел, РЕСИС развива евалуациски истражувања што соодветствуваат на структурата и динамиката на општествениот систем во кој се применува развојната програма.

Евалуациските истражувања на РЕСИС се одликуваат со неколку клучни карактеристики:

Флексибилност и отвореност кон променливиот контекст во кој се применува некоја развојна програма или проект;
Примена на мултиметодски истражувачки стратегии со цел да се соберат различни податоци и да се рефлектираат многукратните каузални врски во општествената реалност;
Вклучување на што е можно повеќе припадници на системот во евалуацискиот дизајн, со цел и самото евалуациско истражување да стане дел на развојната програма;
Следење на промените во обрасците на однесување низ текот на времето и на појавата на нови обрасци на однесување;
Инкорпорирање на микро и макро обрасци и структури.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе