ИСТРАЖУВАЧКИ ОБЛАСТИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Областа Граѓанство и Партиципација става нагласок на новите начини на кои граѓаните ја обликуваат организацијата на општеството и државата. Главна цел на оваа истражувачка област е да понуди перспектива кон социјалните предизвици и проблеми – од агол на граѓаните.

Во теоријата за општествениот развој во последните две децении се разви идејата дека граѓанското ангажирање и партиципација можат директно да придонесат кон подобро владеење и кон севкупен развој на општеството.

Резултатите од оваа истражувачка област имаат значајни импликации врз креирањето програми чија цел е да се подобри одговорноста и ефикасноста на државните институции кон граѓаните.

Оваа област се фокусира на истражување на ефектите од граѓанската партиципација во однос на следните теми:

Начинот на кој се гради граѓанската свест и граѓанството;
Јакнењето одговорни и отчетни институции;
Појавата и јакнењето на партиципативните практики.
ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе