ИСТРАЖУВАЊА
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Областа Општествена правда и еднаквост во фокусот ги става посиромашните и маргинализираните граѓани, истражувајќи ги условите во кои може да се изгради општество кое на сите им дава еднакви права и можности за напредок и развој.

Секое слободно и праведно општество има одговорност да обезбеди заштита на човековите и на граѓанските права на секој поединец независно од полот, возраста, етничката припадност, сексуалниот идентитет и социо – економскиот статус.

Истражувањата во оваа област имаат цел да помогнат во откривање и отстранување на:

Дискриминирачките правила, политики и практики со кои се засилува негативниот однос и третман кон посиромашните и маргинализираните групи и поединци

Предрасудите и културните разлики во општеството што ги спречуваат групите и поединците да работат заеднички за јавното добро

Структурните и системски нееднаквости кои негативно се одразуваат врз ранливите и обесправени групи граѓани

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе