РЕСИС

ВЕСТИ И НАСТАНИ

Инфо РЕСИС предлага повисоки стандарди во истражувањата на медиумската писменост
Институтот РЕСИС покрена иницијатива за унапредување на стандардите во истражувањата на медиумска писменост во нашата земја. На Мрежата за медиумска писменост, РЕСИС и предложи „Насоки за етика во истражувањата на медиумската писменост“ , за кои членките на Мрежата треба да се изјаснат во јавната консултација што ќе трае до средината на ноември.
Повеќе
Инфо Наодите од Студијата за плурализмот на медиумската сопственост презентирани пред регулаторното тело, радиодифузерите и невладините организации
Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.
Повеќе
Инфо Три истражувања на РЕСИС, презентирани на Денот на Граѓанските Организации
Трите студии кои институтот РЕСИС ги презентираше на овогодинешното издание на Денот на граѓанските организации, имаат втемелувачко значење за развојот на медиумските истражувања во РСМ.
Повеќе
Инфо И публиката и огласувачите сé повеќе се онлајн – укажува студија на РЕСИС
Навиките на користење на медиумите во денешното дигитализирано опкружување се повеќе се одразува и врз пазарот на огласување. Приходите од огласување на традиционалните медиуми се во постојан пад, додека пак приходите од онлајн огласување се во постојан и забрзан раст.
Повеќе

Соочени со општото чувство на политичка индиферентност на граѓанството, намаленото ниво на доверба во политичките претставници и засилената перцепција дека постои некомпетентност кај претставничките институции, дури и парламентите на етаблираните демократии, последнава деценија, мораа да посветат повеќе внимание на зајакнувањето и промоцијата на вредностите на парламентарната демократија и подигнувањето на свеста на општата јавност за стожерните функции на парламентите.

Воспоставените практики и протоколи преку кои парламентарните процеси на јасен и сеопфатен начин ќе бидат пренесени до општата јавност и протоколите, преку кои различните јавности ќе можат да партиципираат во демократските процеси, се од клучна важност за оваа мисија.

Затоа, експерти на РЕСИС во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“ – организиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Владата на Обединетото Кралство ја спроведе Процената на комуникациските процеси и практики за јавно информирање на Собранието на Република Македонија.

Целта на Процената е да се утврди дали и како функционираат воспоставените системи за јавно информирање и партиципативност на општата јавност во оваа клучна демократска институција. Анализата е направена на две нивоа:

  • Прво, на оперативно ниво, таа ги идентификува „тесните грла“ во постојната организација на комуникациските циклуси насочени кон општата јавност и медиумите; и
  • Второ, на структурно и стратегиско ниво, ги идентификува елементите што ја спречуваат системската модернизација на комуникациските процеси на институцијата.

Целосната анализа е интерен документ на Собранието на РМ. Овде можете да го преземете РЕЗИМЕТО.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе

Мисија

РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Христо Смирненски бр. 25 - 33 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk