ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Граѓанските организации, потписнички на ова барање остро реагираат на пресудата во предметот против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за клевета со која се загрозува слободата на здружување и слободата на изразување. Со ова се повредуваат некои од основните човекови права загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.

Активистите од 14 граѓански организации, членки на онлајн медиумот на заедницата Локал Актив, поминаа еднодневна обука за генерирање нови локални теми и пишување аналитички приказни што потоа ќе се објават на нивната заедничка онлајн платформа.

Ние, професионалните новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично им се спротивставуваме на скорешните обиди за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Нашата позиција доаѓа од експертската процена дека предложените измени ќе бидат исклучително штетни за медиумскиот плурализам, независноста на медиумите и слободата на новинарите и медиумските работници во Македонија.

На онлајн дебатата која се одржа во рамки на Деновите на медиумската писменост, граѓанските организации кои работат на локално ниво дебатираа за факторите кои го попречуваат вклучувањето во јавната сфера на граѓаните со различни облици на попреченост. Поттик за дебатата беа наодите од најновото истражување што го спроведоа самите граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион, во соработка со Институтот РЕСИС.

И покрај тоа што има многу медиуми, медиумскиот систем во земјава не е плуралистички и инклузивен. Неразвиеноста на непрофитните медиуми и медиумите на заедниците, економската неодржливост на локалните комерцијални медиуми, слабото известување за локалните теми и прашања што ги засегнуваат граѓаните во локалните заедници и отсуството на оригинални и квалитетни содржини придонесува за недоволен пристап на најмалите јазични и други локални заедници до медиумите и медиумските содржини. Оваа состојба трае со години и за да се надмине неопходно е да се востанови посебен Фонд за поттикнување на плурализмот и разновидноста на медиумски содржини и професионалното и квалитетно новинарство.

На 5 октомври Институтот РЕСИС заедно со активисти од граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион и професионални новинари, го одржа првиот состанок на уредништвото на онлајн медиумот на заедницата – ЛокалАктив.

Во Младинскиот центар на Кавадарци, беше претставена инцијативата на Институтот РЕСИС за формирање на онлајн медиум на заедницата - ЛокалАктив за Вардарскиот регион.

Институтот РЕСИС објавува повик за избор на експерт/група експерти кои ќе спроведат анализа на заштитата на правата од работен однос во релевантната легислативата на Република Северна Македонија.

На 25 април Институтот РЕСИС ја одржа онлајн дебатата за растечката важност на медиумите на заедницата во поттикнувањето на граѓанскиот ангажман во локалното владеење.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе