Скопје, 13 февруари 2025 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС планираат да публикуваат шест (6) истражувачко-аналитички текстови, што би ги изработиле професионални истражувачки новинари на различни теми поврзани со состојбата во која се наоѓа новинарството, етичките и професионалните стандарди, безбедноста во текот на работата, различните видови влијанија врз нивната секојдневна работа и други прашања.
Измени на Законот за медиуми, односно нов закон кој треба да ја регулира оваа област е главниот заклучок од панел-дискусијата со наслов „Зошто ни е потребен нов закон за медиуми?“ која се одржа на 2 декември, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС во рамките проектот „Работнички права за независно новинарство“. На панелот како дел од консултациите за тековниот процес на измени на Законот за медиуми учествуваа претставници на новинарските организации, на организациите на онлајн медиумите, медиумски експерти, како и претставници на Министерството за дигитална трансформација.
Медиумскиот плурализам е крајната цел на секоја медиумска политика. Кои се ризиците за медиумскиот плурализам во земјава и каде се наоѓа Македонија, во споредба со другите европски земји? На овие прашања одговара Мониторот на медиумскиот плурализам во дигиталното доба - една од најрелевантните студии во областа на медиумските политики, во која РЕСИС учествува веќе пет години по ред.
Скопје, 04 октомври 2024 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на дизајнирање на Механизам за мониторинг на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници. Во фазата на подготовка на Механизмот за мониторинг, превидено е да се ангажира експерт кој ќе му помогне на проектниот тим да дизајнира детална процедура за систематско следење на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници и регистрирањето на прекршувањата на овие права во посебна база на податоци.
Скопје, 16 септември 2024 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на дизајнирање на Механизам за мониторинг на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници. Во фазата на подготовка на Механизмот за мониторинг, превидено е да се ангажира експерт кој ќе му помогне на проектниот тим да дизајнира детална процедура за систематско следење на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници и регистрирањето на прекршувањата на овие права во посебна база на податоци.
Сторијата „Македонските печалбари во Италија, не можат да го остварат своето право на пензија, по повеќе од две години“, објавена на непрофитниот медиум на заедницата Локал Актив, ја доби наградата „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Автори на сторијата се новинарот Тони Ајтовски и граѓанскиот активист Зоран Биковски од здружението ЖЕНА од Делчево.
Во медиумите во Македонија работат околу 2.100 луѓе, распоредени на 3.146 работни позиции, покажа повеќемесечното истражување спроведено во текот на 2023 година. Самиот попис на работните позиции во медиумите во Македонија беше првиот чекор во истражувањето на состојбите во медиумите и во новинарството што ќе се користи за градење политики и застапување за подобрување на професионалниот статус и работничките права на новинарите и медиумските работници.
Интересот што новинарите и медиумските работници од Кичево го покажаа во минатиот период за својата организација и интенцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници да биде присутен во сите средини во земјава резултираше со средба во Кичево на 3 април 2024 г. на која беа присутни поголем дел од луѓето ангажирани во локалните медиуми, дописниците од овој град за националните медиуми, претставници од Институтот РЕСИС и ССНМ.
Одржливоста и важноста на локалните медиуми и транспарентноста на општинските власти беа главните теми за кои вчера, 26 март 2024 година, беше разговарано на средбата на претставници на Институтот РЕСИС и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со новинарите и медиумските работници од Куманово.
Скопје, 27 март 2024 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на текстот на новата Стратегија на ССНМ. Во фазата на подготовка на овој текст, превидено е да се изработат и неколку експертски прилози за конкретни проблеми што треба да ги адресира Стратегијата. Прилозите треба да се изработени од експерти со искуство во областа на работничките права и/или синдикалното организирање, како и во областа на трудовото право и медиумската легислатива.