Кои се комуникациските права на ранливите групи во јавната сфера? Со кои проблеми се соочуваат ранливите групи при остварувањето на нивните права? Како можат тие права да се унапредат низ умрежување и заеднички активности на граѓанските организации и како во тоа можат да помогнат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и Советот за етика во медиумите? Ова беа прашањата за кои, на онлајн работилницата одржана на 30 март 2021 година, разговараа неколку граѓански организации од Источниот регион со претставниците на регулаторното и саморегулаторното тело.
Во текот на Октомври и Ноември 2020 г., Институтот РЕСИС му даде методолошка поддршка на Европскиот Центар за Непрофитно Право - ECNL во проценката и споредувањето на состојбите на граѓанските организации во земјите од Источното партнерство.
Институтот РЕСИС покрена иницијатива за унапредување на стандардите во истражувањата на медиумска писменост во нашата земја. На Мрежата за медиумска писменост, РЕСИС и предложи Насоки за етика во истражувањата на медиумската писменост, што членките на Мрежата ги усвоија во ноември 2020 година по спроведената јавна консултација.
Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.
Трите студии кои институтот РЕСИС ги презентираше на овогодинешното издание на Денот на граѓанските организации, имаат втемелувачко значење за развојот на медиумските истражувања во РСМ.
Навиките на користење на медиумите во денешното дигитализирано опкружување се повеќе се одразува и врз пазарот на огласување. Приходите од огласување на традиционалните медиуми се во постојан пад, додека пак приходите од онлајн огласување се во постојан и забрзан раст.
Еден од наодите на нова студија која ги анализира родовите аспекти на детските емисии во програмите на националните телевизии, открива дека во играната програма од домашна продукција и на Јавниот сервис и на приватните национални телевизии има доминација на општествени вредности карактеристични за патријархалните општества.
Комуникацијата со општата јавност и со новинарите е стожерниот елемент од спроведувањето на Комуникациската стратегија 2020-2023 на Државниот завод за ревизија - која, кон крајот на минатата година, беше дизајнирана со значителен експертски удел на Институтот РЕСИС и Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Во рамките на Цивика Мобилитас - институционалниот грант овозможен од програмата на Швајцарската влада, Институтот РЕСИС подготви Проценка на векторите на комуникација меѓу граѓанските организации кои се занимаваат со застапување на ранливите заедници, институциите со ингеренции во медиумската сфера и саморегулаторните медиумски тела.
Експертите на РЕСИС изработија прва проценка на состојбата со плурализамот во медиумската сфера на Македонија, врз основа на методологијата на Центарот за медиумски плурализам од Фиренца.