ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Скопје, 10 декември 2025 година

Институтот РЕСИС објавува јавен повик за избор на експерт(к)и кои кои ќе дадат придонес во изработката на Уредувачки насоки на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, со цел да се востановат основните етички и професионални стандарди во продуцирањето на содржините.

Covers LA 22
Изработката на овој документ е предвидена со проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, што на Институтот РЕСИС му е доделен како грант од програмата: EuropeAid/180645 – North Macedonia: Thematic Programme on Human Rights and Democracy 2023-2024.
Кандидат(к)ите заинтересирани за оваа позиција во својата понуда треба да ги достават следниве документи:

• Писмо/мејл во кој го образложува својот интерес да ја заврши услугата
• Биографија (CV) во која е истакнато на кој начин кандидатот ги исполнува критериумите
• Изјава дека нема конфликт на интерес (потпишан Анекс II)
• Финансиска понуда (пополнет Анекс III)
• Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)

Ве молиме, доколку сте заинтересирани за позицијата, вашата апликација заедно со приложените документи да ја доставите во електронски формат на следните мејл-адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 19 декември 2025 г., 24:00h.

Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк:
• Анекс I (Технички спецификации)
• Aнекс II (Declaration Letter)
• Анекс III (Финансиска понуда)
• Анекс IV (Табела за евалуација)

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе