ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот РЕСИС на 17 февруари организираше состанок на редакцијата на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија во Прилеп, на кој учествуваа новинарите и активистите од Пелагонискиот регион кои во изминатиот период соработуваа во подготовката на содржините кои беа објавувани на платформата Локал Актив Пелагонија.

cover civica 123

Состанокот беше инициран за да се претстават новите можности за развој на медиумите на заедницата, како клучни точки во кои на локално ниво е можен одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество.

Од страна на проектниот координатор Игор Мицевски беше најавено дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“ кој го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, и кој ќе се реализира во наредните месеци -  ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе се објават на трите постоечки платформи Локал Актив.

Овие истражувачки стории е планирано да се изработат во заеднички ангажман на еден искусен и еден помлад новинар на теми од областите на екологијата и борбата против корупцијата.

„Тоа што се здружуваат новинари и активисти е фантастичен пример, бидејќи сѐ помалку новинарите се занимаваат со проблемите на граѓанското општество, а и граѓанските организации ќе добијат посилно чувство за следење на новинарските известувања, бидејќи колегите кои не ги следат правилата на добро и коректно известување треба да бидат изложени на критика за да се подобрат“, рече извршната директорка на Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ во рамки на состанокот на редакцијата на Локал Актив Пелагонија.

civica 1234

Советот за етика во медиумите во Македонија секоја година ја претставува статистиката поврзана со жалбите за новинарските текстови, при што бројките за поднесени жалби се константно околу 100 годишно, освен лани кога имало двојно повеќе, или поконкретно 244 жалби, од кои Комисијата разгледала 96 и донела 47 одлуки за членови и 43 мислења за медиуми што не се членови, додека 145 жалби ги отфрлила како неосновани за постапување поради поминат рок, непознат жалител или затоа што се однесувале на странски медиуми за кои Советот не е надлежен.

На состанокот се дискутираше за ефектите од досегашните содржини објавени во рамки на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, како и за потребата од зајакнување на претстојните застапувачки активности кон засегнатите институции кои се важни за решавање на проблемите идентификувани во истражувачки приказни објавени на медиумот на заедницата. 

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе