Скопје, 7 август 2025 година
Институтот РЕСИС објавува јавен повик за избор на експерт(ка) кој(а) ќе дизајнира модул за обука и ќе одржи три еднодневни работилници за развивање план и спроведување активности за застапување, наменети за граѓански активисти од Источниот/Југоисточниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион.

Обуките се предвидени со проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, што на Институтот РЕСИС му е доделен како грант од програмата: EuropeAid/180645 – North Macedonia: Thematic Programme on Human Rights and Democracy 2023-2024.
Кандидатите заинтересирани за оваа позиција во својата понуда треба да ги достават следниве документи:
- Писмо/мејл во кој го образложува својот интерес да ја заврши услугата
- Биографија (CV) во која е истакнато на кој начин кандидатот ги исполнува критериумите
- Изјава дека нема конфликт на интерес (потпишан Анекс II од овој мејл)
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој мејл)
- Доказ дека е граѓанин на РСМ (копија од пасош)
Ве молиме, доколку сте заинтересирани за позицијата, вашата апликација заедно со приложените документи да ја доставите во електронски формат на следните мејл-адреси:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк:
- Анекс I (Технички спецификации)
- Aнекс II (Declaration Letter)
- Анекс III (Финансиска понуда)
- Анекс IV (Табела за евалуација)
----------------------------------
*Проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“ е поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.
