Скопје, 17 јуни 2025 година
Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, Институтот РЕСИС работи на отворање нов онлајн медиум на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив, кој ќе се фокусира на теми и прашања релевантни за граѓаните од Пелагонискиот регион.

Целта на иницијативата Локал Актив, како и на самиот проект е : (1) да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Северна Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.
Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работна листа на новинари на Локал Актив Пелагонија, од која потоа ќе може:
- да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформата Локал Актив Пелагонија,
- да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
- да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на шема на суб-грантирање.
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следниве документи:
- Писмо (меил) дека е заинтересиран(а) да ја врши услугата
- Биографија (со избор од 10 репрезентативни текстови на теми од Пелагонискиот регион)
- Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)
Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса:
Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк:
*Проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“ е поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.
