ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 16 септември во Велес се одржа обука за пишување новинарски аналитички приказни во рамки на платформата Локал Актив Вардар. Настанот е дел од проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, кој е поддржан од Европската Унија, а кој го спроведува Институтот РЕСИС.

obuka veles 16 sep 11zon 1

На обуката учествуваа 14 локални активисти и новинари од Вардарскиот регион, со цел да стекнат нови знаења и вештини за креирање аналитички стории и обработка на теми од интерес на локалната заедница.

Низ три модули, претседателката на Советот за етика во медиумите и долгогодишна новинарка во македонската секција на Британската радиодифузна корпорација – BBC Билјана Георгиевска, ги запозна учесниците со основите на аналитичкото пишување, целите и структурата на новинарската анализа и методите за пристап до различни извори на информации.

Преку практични вежби тие подготвија предлози за креирање стории за теми кои ги сметаат за најрелевантни во своите заедници, а потоа ги презентираа и дискутираа резултатите.

Оваа активност е дел од поширокиот циклус на обуки кои имаат цел да ја зајакнат улогата на медиумите на заедницата како простор за дијалог, информирање и платформи за граѓански ангажман.

IMG 3480 11zon

IMG 3493 11zon

IMG 3488 11zon

IMG 3472 11zon

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе