Скопје, 12 декември 2023 година
Институтот РЕСИС објавува повик за избор на експерт/ка за истражувачка методологија кој/а ќе изработи истражувачки извештај од спроведена анкета за социо-економскиот статус и работничките права на новинарите и медиумските работници во Република Северна Македонија.

Јавниот повик се спроведува во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“ што заеднички го спроведуваат Независниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС, со финансиска поддршка на Европската унија.
Заинтересираните субјекти во својата понуда треба да ги достават следниве документи:
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој повик)
- Биографија на експертот/експертката што ќе го пишува истражувачкиот извештај со две професионални препораки
- Потпишана Декларација (пополнет Анекс II од овој повик)
- Копија од документот за државјанство
Понудата треба да се достави во електронски формат на следните мејл-адреси:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк: