Скопје, 27 март 2024 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на текстот на новата Стратегија на ССНМ. Во фазата на подготовка на овој текст, превидено е да се изработат и неколку експертски прилози за конкретни проблеми што треба да ги адресира Стратегијата. Прилозите треба да се изработени од експерти со искуство во областа на работничките права и/или синдикалното организирање, како и во областа на трудовото право и медиумската легислатива.

На ангажираните експерти ќе им бидат дадени на располагање анализите и истражувањето на ССНМ и РЕСИС. Експертите ќе треба да наведат и други документи што ги користеле при изработката на прилозите.
Заинтересираните експерти во својата понуда треба да ги достават следниве документи:
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој повик)
- Биографија на експертот/експертката
- Потпишана Декларација (пополнет Анекс II од овој повик)
- Копија од документот за државјанство
Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк: