ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Интересот што новинарите и медиумските работници од Кичево го покажаа во минатиот период за својата организација и интенцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници да биде присутен во сите средини во земјава резултираше со средба во Кичево на 3 април 2024 г. на која беа присутни поголем дел од луѓето ангажирани во локалните медиуми, дописниците од овој град за националните медиуми, претставници од Институтот РЕСИС и ССНМ.

sredba kichevo 03.04.2024 1

Колегите не ги криеја своите симпатии кон ССНМ која ги обединува и во моментов, и уште повеќе, во перспектива треба да се наметне како форма на одбранбен механизам на нарушените услови за работа и за егзистенција. Кичевските новинари ги презентираа своите согледувања на општите состојби во медиумите со акцент на нарушената комуникација со локалната самоуправа, која по системот на други градови во државата има свој медиа тим и комуникацијата со медиумите од Кичево ја има сведено на минимум.

Кичевските новинари ја одобруваат идејата на ССНМ кој работи на предлогот за ослободување на дел од давачките за ангажираните во медиумите и го поддржуваат солидарниот пристап во делот на подготовка на единствен договор кој би важел за сите медиуми и за сите вработени и хонорарни медиумски работници.

Средбата се реализираше во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој го спроведуваат ССНМ во партнерство со Институтот РЕСИС, а е финансиран од Европската Унија.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе