ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Активистите од 14 граѓански организации, членки на онлајн медиумот на заедницата Локал Актив, поминаа еднодневна обука за генерирање нови локални теми и пишување аналитички приказни што потоа ќе се објават на нивната заедничка онлајн платформа.

1000003884

Во првиот дел на работилницата, активистите беа запознаени со спецификите на онлајн медиумите на заедницата и нивната важност за информирањето на граѓаните на локално ниво за различни аспекти од животот на локалната заедница. Низ примерите на две објавени приказни („Богданци доби канцеларија за социјални услуги откако три години стоеше опремена, a затворена“ и „Еколошки проблем во село Црник, бара многу креативност и малку добра волја за да се реши“) тие можеа изворно да се запознаат со чекорите што треба да се поминат во создавањето на една професионално направена приказна: да се открие релевантна тема, да се одбере аглот на приказната, да се соберат податоци од различни извори, како и да се испочитуваат сите етички и професионални стандарди при пишувањето на текстот.

Во вториот дел на работилницата, активистите разговараа за конкретни теми што се важни за граѓаните од Источниот и Југоисточниот регион и добија насоки како да продолжат со истражувањето и обработката на темите, под менторство на професионалните новинари кои се дел од уредништвото на Локал Актив.

Работилницата ја водеа новинарите Весна Коловска (уредничка на Локал Актив) и Ване Трајков (новинар ангажиран во уредништвото на Локал Актив).

1000003887

Работилницата се одржа на 4 ноември, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, како дел на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локални Активни Медиуми“ што Институтот РЕСИС го спроведува во соработка со граѓанските организации Источниот и Југоисточниот регион, а со поддршка на National Endowment for Democracy (NED).

1000003885

1000003891

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе