ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Колку новинари има во Македонија, каде се ангажирани, колку од нив се редовно вработени, а колкумина се хонорарци и дали тие ги уживаат загарантираните права предвидени со Законот за работните односи? Дали се чувствуваат слободни да членуваат и дејствуваат во свои синдикални организации, и колку активизмот во овие организации и пред сѐ, во ССНМ може да влијае врз подобрување на условите, безбедноста и професионализмот при работењето?

b61a075e 68dd 6996 f07d 746b31bf94ec 11zon

Колку платите на медиумските работници соодветствуваат на ангажманот и дали тие можат да бидат подобрени, дали борбата против корупцијата треба да започне од уредувањето на односите во новинарството? Дали и колку социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници влијае врз нивниот професионален интегритет?

ССНМ се обидува да дојде до вистинските сознанија за овие прашања преку истражувања и работа на терен, но и преку размена на искуства, идеи и предлози за заедничко дејствување со цел соодветно да се адресираат проблемите и да се подобрат состојбите во медиумите и во новинарството.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници има чест да Ве покани на конференцијата „Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство“, која ќе се одржи на 24 јануари, 2024 година во хотелот „Холидеј Ин“, Скопје.

На настанот е обезбеден превод на македонски, албански и англиски јазик.

Конференијата се одржува во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ спроведуван од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со Институтот РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.

АГЕНДА
„Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство“

Хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), Скопје, 24 јануари 2024 година
Модератор: Перо Момировски

09:30 – 10:00
Регистрација на учесниците


10:00 – 10:10
Отворање на Конференцијата

Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ

Павле Беловски, претседател на ССНМ

10:10 – 10:40
Важноста на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници за независноста и професионалноста на медиумите и новинарството

Што треба, што може и што се прави за подобрување на статусот на новинарите и медиумските работници?
Дарко Дуридански, проектен координатор ССНМ

Консолидација на професијата – заеднички подвиг на фелата
Младен Чадиковски, претседател ЗНМ

Синдикалната борба на новинарите во регионот и во Европа
Маја Север, Европска федерација на новинари, претседателка - онлајн

10:40 – 11:30
Работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници - правна рамка и состојби на терен

Работните услови и правата на новинарите и медиумските работници во медиумската пракса – основни наоди од истражувањата
Снежана Трпевска, Институт РЕСИС

Можности за правна заштита на работничките права во Република Северна Македонија и компаративни искуства
Маја Атанасова, Македонско здружение на млади правници

Со трошки од рекламниот колач во потрага по млади новинари – слика од локалните медиуми
Весна Коловска, Проект Њувејвс

Индивидуални искуства од праксата
Мефаил Исмаили, новинар

Дискусија

11:30 – 11:45
Кафе пауза

11:45 – 13:15
Предизвици за синдикалното организирање на новинарите и медиумските работници

За артикулацијата на работничките барања и стратегискиот пристап кон синдикалното организирање: што открива истражувањето на ССНМ и РЕСИС?
Игор Мицевски, Институт РЕСИС

Синдикалното организирање и неговите (не)пријатели
Ѕвездан Георгиевски, поранешен претседател на ССНМ

Искуства од синдикалното организирање: потребата од солидарност во новинарството
Тамара Грнчароска, новинарка и член на ИО на ССНМ

Дискусија

13:15 – 14:00
Следни чекори и иницијативи поврзани со заштита на правата на новинарите и медиумските работници
Реформи на медиумската легислатива

Други иницијативи и предлози

Дискусија и заклучни согледувања

14:00 – 15:00
Ручек

 

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе