Скопје, 13 февруари 2025 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС планираат да публикуваат шест (6) истражувачко-аналитички текстови, што би ги изработиле професионални истражувачки новинари на различни теми поврзани со состојбата во која се наоѓа новинарството, етичките и професионалните стандарди, безбедноста во текот на работата, различните видови влијанија врз нивната секојдневна работа и други прашања.

Истражувачко-аналитичките текстови треба да бидат изработени од професионални новинари кои имаат работно искуство во новинарството од најмалку 5 години и кои имаат објавувано истражувачко-аналитички приказни.
На повикот за пишување истражувачко-аналитички стории можат да се пријават и индивидуални новинари и медиумски организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство.
Заинтересираните новинари или истражувачки редакции во својата понуда треба да ги достават следниве документи:
- Синопсис за предложени стории (предлог-тема, агол на темата, можни извори и сл.)
- Куса биографија или портфолио за организацијата
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој повик)
- Потпишана Декларација (пополнет Анекс II од овој повик)
Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк: