Скопје, 04 октомври 2024 година
Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на дизајнирање на Механизам за мониторинг на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници. Во фазата на подготовка на Механизмот за мониторинг, превидено е да се ангажира експерт кој ќе му помогне на проектниот тим да дизајнира детална процедура за систематско следење на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници и регистрирањето на прекршувањата на овие права во посебна база на податоци.

Концептуалната рамка за Механизмот на мониторинг треба да се изработи од експерт кој има знаење во областа на методологијата на општествените истражувања, како и искуство во изработка на слични методологии за мониторинг во областа на медиумите и новинарството.
Заинтересираните експерти во својата понуда треба да ги достават следниве документи:
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој повик)
- Биографија
- Потпишана Декларација (пополнет Анекс II од овој повик)
- Копија од документот за државјанство
Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк: