ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Крушево беше домаќин на работилница што собра новинари, активисти и граѓани од регионот за да разговараат за нешто што во Македонија сè уште е недоволно познато – медиумите на заедницата и нивната вистинска улога во локалниот живот.

Работилница Крушево 1

Работилницата ја водеше Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, која на присутните им ја раскажа приказната зад медиумите на заедницата. Преку конкретни примери, таа покажа дека медиумите на заедницата не се само „мали медиуми“, туку нешто суштински поинакво – простор каде што гласовите што комерцијалните медиуми редовно ги прескокнуваат, наоѓаат свое место, што придонесува за поактивно граѓанско учество.

Настанот го отвори Слаѓан Пенев од Институтот РЕСИС, кој ги претстави трите платформи „Локал Актив“, нивното место во медиумската сфера и следните активности што се планираат. Се зборуваше за конкретни стории, каде што новинарите и активистите во „Локал Актив“ заедно пишувале и конкретно работеле на решавање на локалните проблеми.

Работилница Крушево 3

Работилница Крушево 2

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе