Институтот РЕСИС објавува јавен повик за избор на експерт/ка кој/а кои ќе изработи документ за политики за идниот развој на медиумите на заедницата во РС Македонија.

Илустративна фотографија / Фото: Pixabay
Изработката на овој документ е предвидена со проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, што на Институтот РЕСИС му е доделен како грант од програмата: EuropeAid/180645 – North Macedonia: Thematic Programme on Human Rights and Democracy 2023-2024.
Кандидатот/ката заинтересиран/а за оваа позиција во својата понуда треба да ги достави следниве документи:
- Писмо/мејл во кој го образложува својот интерес да ја заврши услугата
- Биографија (CV) во која е истакнато на кој начин ги исполнува критериумите
- Изјава дека нема конфликт на интерес (потпишан Анекс II од овој мејл)
- Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој мејл)
- Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)
Ве молиме, доколку сте заинтересирани за позицијата, вашата апликација заедно со приложените документи да ја доставите во електронски формат на следните мејл-адреси:
Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк: