ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, Институтот РЕСИС и Советот за Етика во Медиумите во Македонија - СЕММ работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа креирани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.

 ПОВИК

Целта на иницијативата Локал Актив: (1) да воспостави и да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работна листа на новинари на Локал Актив иницијативата, од која потоа ќе може:

  • да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите на медиумите на заедницата,
  • да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
  • да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на идни шеми на суб-грантирање надвор од опсегот на овој проект.

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следниве документи:

  • Писмо (меил) во кое изразуваат заинтересираност да ја вршат услугата за иницијативата
  • Биографија (со избор од 10 репрезентативни текстови на теми од регионите од кои доаѓаат)
  • Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)

Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во оригинална хартиена форма во просториите на Институтот РЕСИС на ул. Прашка бр. 56, стан 2, 1000 Скопје, најдоцна до петок 29 мај 2026.

Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:

*Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе