ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 5 октомври Институтот РЕСИС заедно со активисти од граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион и професионални новинари, го одржа првиот состанок на уредништвото на онлајн медиумот на заедницата – ЛокалАктив.

sostanok LA

Уредништвото на ЛокалАктив ќе вклучува професионални новинари и најмалку 10 активисти од граѓанските организации кои преку менторство и соработка ќе креираат содржини на теми кои се од важност за локалната заедница. По објавените содржини, граѓанските организации ќе предвидат активности за застапување со цел да се влијае врз решавање на проблемите за кои пишувале во приказните објавени на ЛокалАктив.

Медиумите на заедницата се непрофитни медиуми кои се во сопственост и се отчетни на заедницата на која ѝ служат. Тие се отворени за учество на сите припадници на заедницата во креирањето и насочувањето на уредувачката политика и содржините. ЛокалАктив е непрофитен онлајн медиум кој им припаѓа на граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион. Тој е прв онлајн медиум на заедницата од ваков вид во земјава.

ЛокалАктив е создаден во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локални Активни Медиуми“ што Институтот РЕСИС го спроведува во соработка со граѓанските организации Источниот и Југоисточниот регион, а со поддршка на National Endowment for Democracy (NED). Во втората фаза на овој проект РЕСИС работи и на основање онлајн медиум на заедницата на граѓанските органзиации од Вардарскиот регион.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе