ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот РЕСИС го започна Мапирањето на комуникациските навики, знаења, потреби и интереси на ранливите групи граѓани во Источниот и Југоисточниот регион на РСМ. Мапирањето ги опфаќа граѓаните кои живеат со одреден степен на телесна попреченост, интелектуална попреченост или пак оштетување на видот и слухот, како ранливи категории граѓани чии комуникациски права се најзагрозени. Ова е прво Мапирање на комуникациските навики на ранливите граѓани во РСМ и ќе послужи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.

КОМУНИКАЦИСКИ НАВИКИ ЗНАЕЊА ПОТРЕБИ И ИНТЕРЕСИ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ ВО ИСТОЧНИОТ И ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА РСМ

Мапирањето го спроведуваат претставници од граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион кои ги застапуваат правата на ранливите категории граѓани. Институтот РЕСИС спроведе обука за граѓанските активисти кои го реализираат истражувањето врз основа на Прашалник кој содржи повеќе групи прашања за различни аспекти на комуникациските потреби и навики на луѓето кои живеат со одреден тип на ранливост.

Фото обука

По завршувањето на Мапирањето на комуникациските навики, знаења, потреби и интереси на ранливите групи граѓани во Источниот и Југоисточниот регион на РСМ, со претставниците од граѓанските организации ќе се одржат обуки за креирање содржини што ќе се објавуваат на новата онлајн медиумска платформа на заедницата наречена #ЛокалАктив. Платформата е дел од проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење - LocalActiveMedia, чија главна цел е да го подобри пристапот до јавната сфера на ранливите групи граѓани од Источниот и Југоисточниот регион.

Проектот е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе