ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот РЕСИС како членка и соработник на Мрежата за Медиумска Писменост го сработи Прирачникот за родители за медиумската писменост како корисна алатка за родителите во обидот да се заштитат најмладите од дезинформации, гласини или манипулативни содржини. Во Прирачникот особен осврт се дава на користењето на новите медиуми и содржините со кои се сретнуваат децата преку нив.

MMP Prirachnik za roditeli cover

По краткото објаснување за важноста на медиумската писменост за најмладите, кои од најмала возраст се опкружени со широк дијапазон на информации преку користење на модерната технологија или пак во нивното секојдневно опкружување, накратко се дадени насоки за тоа како да им се пристапи на најмладите во обидот да се објасни начинот на кој тие треба да ја селектираат содржината што ја среќаваат. Во неколку важни точки се објаснуваат клучните прашања кои треба децата да ги постават при восприемање на содржината со цел да ја развијат способноста за критичко размислување, да станат одговорни корисници, но и креатори на содржини, како и да ја разберат моќта на информациите и медиумите да влијаат врз нивните животи.

Прирачникот можете да го најдете ТУКА.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе