ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Комуникацијата со општата јавност и со новинарите е стожерниот елемент од спроведувањето на Комуникациската стратегија 2020-2023 на Државниот завод за ревизија - која, кон крајот на минатата година, беше дизајнирана со значителен експертски удел на Институтот РЕСИС и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Поради потребата ДЗР да ги развие своите комуникациски вештини, во поткрепа на Стратегијата, РЕСИС и ВФД ја спроведоа првата работилница за развивање на комуникациските алатки насочени кон општата јавност и новинарите, со претставници на оваа Врховната ревизорска институција.

На работилницата ревизорите со практична работа и низ интерактивен пристап ги унапредија своите комуникациски вештини трансформирајќи ги ревизорските извештаи во внимателно дизајнирани пораки насочени кон специфични јавности.

Со усвојувањето на Стратегијата, процесите на комуникација со надворешните јавности се трансформираат во конститутивен елемент на основните ревизорски функции. ДЗР со неа се обврзува да работи на континуирано подобрување на усвоените форми на комуникација.

Комуникациската Стратегијата на ДЗР 2020-2023 тргнува од претпоставката дека вклучувањето на општата јавност медиумите и граѓанските организации, во процесите на комуникација на ДЗР со другите институции, суштински ќе придонесе кон креирањето на структура на „проверки и рамнотежи“ (checks and balances). Тоа пак, ќе овозможи ДЗР и другите чинители опфатени со овој документ, активно да учествуваат во креирање на демократски амбиент во Република Северна Македонија.

Проектот е финансиран од Британската амбасада во земјата и Фондацијата за демократија Вестминстер.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе