ЕДУКАТИВНИ РЕСУРСИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Прирачник за анализа на медиумски содржини

Прирачникот кој е наменет за членките на Мрежата од совети на публики, но и за другите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи е изработен за да им послужи како истражувачка алатка при идентификувањето различни форми на стереотипно претставување на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини.

Тука се опишани основните карактеристики на неколку најчесто користени методи за квантитативна или квалитативна анализа на содржини. Покрај кусиот опис на методите, во текстот се претставени и примери од истражувања во кои се применети тие методи.

МЕНТОРСТВО ПРИ ИЗРАБОТКА НА ПРЕДЛОГ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ПРИ ЗАСТАПУВАЊЕ

За да може една ГО да изврши влијание врз носителите на политики да ги изменат законите или да се подобри нивната примена, преку застапување или на друг начин, неопходни и се информации. За да добие информации за одделно прашање или проблем, ГО треба да спроведе некакво истражување. Истражувањето помага да се добие сеопфатно разбирање на одредена појава или процес, да се откријат причините што влијаеле или последиците до кои довело одредено однесување на луѓето. Сето тоа, пак, може да помогне да се дојде до практични и остварливи решенија и идеи за тоа како да се променат политиките и законите, односно да се направи промена во опкружувањето во кое работи граѓанската организација.

РЕСИС им дава стручна поддршка на граѓанските организации преку:
1 - Менторство: преку советување и експертска помош кога ГО сакаат самите да спроведат сопствени истражувачки зафати;
2 - Обуки: преку различни видови обуки кога ГО сакаат да се оспособат самостојно да планираат и реализираат помали истражувачки проекти;
3 - Соработка: преку спроведување на поголеми истражувачки проекти заедно со тимот на РЕСИС;
4 - Едукативни материјали: преку публикување методолошки насоки и прирачници прилагодени за потребите на ГО во различни области.

За таа цел РЕСИС изработи Програма за Менторство и Прирачник за Подготовка на Предлог за Истражување за Застапување.
ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе