АКТИВНОСТИ НА МРЕЖАТА
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

КОМУНИКАЦИСКИТЕ ПРАВА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ДИГИТАЛИЗИРАНОТО МЕДИУМСКО ОПКРУЖУВАЊЕ - МОЖНОСТ ИЛИ ИЛУЗИЈА

Овој документ ги идентификува главните пречки за остварување на комуникациските права на ранливите групи во дигитализираната јавна сфера на Северна Македонија и нуди насоки и препораки за дејствување со цел да сезголеми свесноста за комуникациските права и влијанието на ранливите групи врз градењето на медиумските политики и саморегулацијата.

ПРОЦЕНКА - РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ЈАВНАТА СФЕРА

Институтот РЕСИС, во периодот од октомври 2019 до март 2020 година, ја спроведе првата фаза од акциското истражување кое има за цел формирање на Мрежа од совети на публики во РСМ. Со спроведените фокусни групи беа опфатени околу 50 граѓански организации на локално ниво кои работат на остварување на правата на различни ранливи групи. Целта на оваа фаза беше да се согледаат мислењата на граѓанските организации за состојбите во медиумската сфера од аспект на исполнувањето на комуникациските права на ранливите групи.

НАСОКИ ЗА СТРАТЕГИСКО ВМРЕЖУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА

Втората фаза од акциското истражување на РЕСИС се состоеше од спроведување консултативен процес со граѓанските организации (и вклучување нови ГО) за облиците на вмрежување и комуникација – преку реализирање на онлајн индивидуални интервјуа. Како резултат на овој процес беа изработени Насоки за стратегиско поврзување на граѓанските организации во Мрежа од совети на публики.
ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе