ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Акциското истражување на Институтот РЕСИС за формирање Мрежа од Совети на Публики беше презентирано на овогодинешниот настан организиран од Програмата Цивика Мобилитас на кој се славеа „30 години граѓански ангажман“. Презентирани беа Проценката на ранливите групи во јавната сфера и Насоките за стратегиско вмрежување и комуникација кои беа сработени во првите две фази од истражувањето.

30 godini CIVICA

Во првата и втората фаза од акциското истражување за формирање Мрежа од совети на публики беа спроведени фокусни групи со околу 50 граѓански организации на локално ниво кои работат на остварување на правата на различни ранливи групи и се спроведе консултативен процес со граѓанските организации за облиците на вмрежување и комуникација – преку реализирање на онлајн индивидуални интервјуа.

Оваа година Институтот РЕСИС спроведе и шест работилници на кои присуствуваа претставници на ГО - членки на Мрежата, како и претставници на Советот за етика во медиумите и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На работилниците беа идентификувани клучните проблеми со кои се соочуваат ранливите групи во јавната сфера и се разговараше за заеднички иницијативи и идеи за нивно надминување.

Денот на Граѓанските Организации е годишен настан организиран од програмата CIVICA Mobilitas на кој Институтот РЕСИС учествува трета година по ред. Целта на настанот е да им се овозможи на невладините организации во РСМ да ги претстават и да ги промовираат своите проекти, кои придонесуваат кон општествениот развој.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе