ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот РЕСИС заедно со Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД) продолжуваат со спроведувањето на Комуникациската стратегија 2020 - 2023 на Државниот завод за ревизија, чија основна цел е да ја поткрепи Стратегијата за развој на ДЗР2018 – 2022 за да се отворат каналите на комуникација кон општата јавност, медиумите и граѓанските организации и да се засили влијанието на ревизорските извештаи врз транспарентноста и отчетноста на државните институции.

dzr sobranie

Во оваа трета фаза од спроведувањето на Комуникациската стратегија фокусот е ставен на продлабочување на комуникацијата на ДЗР со клучните државни институции преку обуки организирани од РЕСИС и ВФД за користење на комуникациските алатки предвидени во стратегијата и спроведување на работилници со институциите. На работилницата со претставниците од Собранието на РСМ и ревизорите од ДЗР се презентираше веќе постоечката структура на комуникациски канали, проблемите кои се појавуваат при меѓуинституционалната комуникација и се презентираа новите алатки и структурирани решенија со кои тие можат да се трансформираат и да се отворат за да бидат поефикасни.

ДЗР како Врховна ревизорска институција има обврска да ги доставува ревизорските извештаи до Собранието кое потоа врши надзор врз јавните институции чија работа се финансира од даноците платени од граѓаните. Целта на работилниците беше претставниците на ДЗР и на Собранието да ја зацврстат меѓуинституционалната соработка и да идентификуваат начините на кои ревизорските извештаи можат да се направат подостапни и поразбирливи на пратениците со цел овие документи да им помогнат во расправата и во усвојувањето поткрепени одлуки и заклучоци во различни области.

На работилницата се разви и дискусија помеѓу претставниците на ДЗР и Собранието за проблемите кои настануваат во комуникацијата меѓу овие две институции и се нагласи потребата од подобрување на комуникациските канали и зацврстување на соработката со цел да се зајакне ефикасноста на институциите во исполнувањето на нивните  законски обврски.

На работилницата завршниот збор го имаше главниот државен ревизор Максим Ацевски кој го презентираше Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на ДЗР во 2020 година и го нагласи досегашното успешно спроведување на Комуникациската стратегија со формирањето на Одделение за комуникации со јавност, успешната комуникација со медиумите и зголемувањето на видливоста на ДЗР и ревизорските извештаи во изминатата година.

Проектот е финансиран од Британската амбасада во земјата и Фондацијата за демократија Вестминстер.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе