Во текот на Октомври и Ноември 2020 г., Институтот РЕСИС му даде методолошка поддршка на Европскиот Центар за Непрофитно Право - ECNL во проценката и споредувањето на состојбите на граѓанските организации во земјите од Источното партнерство.
Истражувачите од Институтот РЕСИС ги анализираа рамките на сличните, веќе постоечки индекси и предложија начини на операционализација на веќе развиениот квалитативен модел на ЕЦНЛ ЦСО Метар, со цел да се направи квантитативно мерење на различните области при креирањето на овозможувачка околина за граѓанските организации во земјите од ИП.
ЕЦНЛ заедно со локални партнери го водат ЦСО Метар - прва ваква алатка развиена за регионот од страна на граѓанските организации, за да се поттикне редовно и доследно мониторирање на околината на граѓанските организации.
Оваа алатка се состои од збир стандарди и индикатори во 10 различни области, кои ги мерат законите и практиките во овие земји. Развиена е врз база на проценка на меѓународните стандарди и најдобрите регулаторни практики потребни за воочување на потребите и новите тенденции во регионот.
Развојот на ЦСО Метар е поддржан од ЕУ во рамките на акцијата “Monitoring Progress, Empowering Action”.