ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 30-ти септември Институтот РЕСИС и  Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип одржаа состанок со граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.

Untitled2

На состанокот учествуваа претставници од пет активни локални организации од Југоисточниот дел кои покажаа интерес и поддршка за имплементирање на проектот LocalActiveMedia и укажаа на потребата од воведување на платформа која ќе служи како медиум на заедницата, како #LocalActive. Претставниците на организациите кои присуствуваа покажаа интерес за нивна активна вклученост при спроведувањето на Мапирањето на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион, со што ќе се заврши првата фаза од проектот LocalActiveMedia и ќе служи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.

Меѓу организациите кои присуствуваа беа претставници од: Регионален Центар за одржлив развој (РОЦР) од Гевгелија, Среќни Лица од Јосифово, Поддршка од Гевгелија, Организација на жени од Струмица и Женска Акција од РадовишНа состанокот се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат граѓанските организации во пристапот до јавната сфера. Кај традиционалните медиуми: генерално постои незаинтересираност да покриваат стории и вести поврзани со положбата на ранливите групи и активностите на граѓанскиот сектор, а локалните медиуми се финансиски неодржливи и често немаат доволно ресурси да ги покриваат овие теми. Поради тоа, граѓанските организации најчестo ги користат социјалните мрежи како платформи за споделување информации до ранливите групи со кои работат. Оттаму, основањето ваков тип онлајн платформа на заедницата која пред се ќе има намена да ги унапреди комуникациските права на ранливите категории граѓани, но и да служи на граѓанските организации поефективно да се приближат до пошироката јавност е од огромна важност, особено во овие два региони во земјата.

#LocalActive како медиум на заедницата ќе претставува отворена платформа која ќе ја користат граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион, за која ќе се креираат содржини од интерес за локалните заедници и групи со цел да се унапреди остварувањето на комуникациските права на ранливите категории граѓани, но и да се зголеми нивното влијание врз локалното владеење. LocalActiveMedia го спроведуваат Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе