РЕСИС
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Slika Trpevska коцка

Снежана Трпевска
Доктор по социолошки науки
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Биографија

Истражувачките интереси на д-р Трпевска се движат во неколку полиња: методологијата на општествените истражувања, социологијата на масовните комуникации, критичкото мислење и медиумската писменост, медиумската политика и регулација и студиите на новинарството. До јули 2009 година била вработена во Советот за радиодифузија како Раководител на Секторот за истражување и стратегиски развој. Од 2008 година таа е ангажирана како професор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а од 2013 година на Институтот за комуникациски студии од Скопје.

Во текот на минатите години таа има учествувано во голем број академски и применети истражувачки проекти поврзани со слободата на изразување и медиумскиот плурализам, медиумската писменост, ставовите и однесувањето на публиката кон медиумските содржини, медиумската концентрација и регулацијата на радиодифузијата, етиката во новинарството и др.

Дел од поновите проекти на кои е ангажирана се следниве:

  • Во септември 2020 година таа е повторно дел на истражувачкиот тим на Центарот за медиумски плурализам од Фиренца, Италија, во рамки на кој се спроведува проектот “Проценка на ризиците за медиумскиот плурализам во ЕУ и пошироко: примена на инструментот за Мониторирање на Медиумскиот Плурализам (MPM 2020)”, во рамки на кој по втор пат се спроведува и проценка за состојбата со медиумскиот плурализам во Македонија. https://cmpf.eui.eu/media-pluralism-monitor/
  • Од 2016 година до денес таа е раководителка на компаративната истражувачка студија: Индикатори за нивото на медиумските слободи и безбедноста на новинарите од Западен Балкан, што ја спроведува Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за медиумски слободи и безбедност на новинарите. http://resis.mk/attach/indikatori-za-nivoto-na-mediumskite-slobodi.pdf
  • Во април и мај 2020 година, заедно со белгискиот експерт Жан-Франсоа Фурнемон таа беше ангажирана од Советот на Европа во изработката на студијата „Плурализам на медиумската сопственост во дигиталното опкружување“. https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/pluralism-of-media-ownership-in-the-new-media-environment-online-workshop-with-the-media-regulatory-authority-in-north-macedonia
  • Во септември 2019 година таа ја изработи методологијата и го раководеше второто мапирање на индивидуалните нивоа на медиумската писменост во РСМ, изработено за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. https://resis.mk/attach/mapiranje-na-nivoata-na-mediumska-pismenost-2019.pdf
  • Од јануари 2014 до декември 2016, таа го водеше Работниот пакет 3 – Медиумите и Јавноста, во рамки на проектот финансиран од Рамковната програма 7 на Европската комисија: INFOCORE (Informing Conflict Prevention, Response and Resolution), http://www.infocore.eu/
  • Од јули 2017 до март 2018 година таа беше дел на тимот од шест меѓународни експерти кои работеа на сеопфатна Анализа на медиумскиот сектор на Црна Гора, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементирана во рамки на проектот на Советот на Европа JUFREX (Reinforcing Judicial Expertise on Freedom of Expression and the Media in South-East Europe). https://rm.coe.int/montenegro-media-sector-inquiry-with-the-council-of-europe-and-europea/16807b4dd0

КОНТАКТ

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ