Игор Мицевски
Магистер по Компаративна политика: национализам и етницитет
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Биографија
Игор Мицевски MSc, е докторски кандидат во полето на политичката социологија и комуникологијата на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Негов академски интерес e квалитативното истражување на конструкцијата на интерпретативни рамки и хегемониски наративи во јавната сфера. Мицевски е магистер по Компаративната политика со фокус на проучувањето на национализмот и етницитетот. Магистерската титула ја доби на Лондонската школа за економија и политички науки (London School of Economics and Political Science – LSE). Изминатава деценија, беше предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавност и истражувач во Институтот за комуникациски студии во Скопје. Мицевски има и долгогодишно новинарско искуство во Светскиот сервис на Британската радиодифузна корпорација во Лондон (BBC World Service).
Мицевски има учествувано во повеќе академски и применети истражувачки проекти поврзани со истражувањето на медиумските содржини, медиумите и општествените конфликти, медиумскиот плурализам, ставовите и преференците на публиката и др.