РЕСИС
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

 DANIEL PHOTO

Даниел Евросимоски 

Дипломиран новинар
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Биографија

Даниел Евросимоски е новинар и истражувач со над 15 години работно искуство во телевизиски и онлајн медиуми и граѓански организации. Покрај локални и национални, соработувал и со меѓународни медиуми.
Низ својата кариера се профилирал во изработка на мултимедијални новинарски содржини, анализи и истражувања, подкасти и инфографици. Темите кои најчесто ги обработувал се од областа на човекови права, јавни политики, образование, екологија, активизам...
Покрај новинарската работа бил вклучен во изработка на повеќе истражувања и анализи поврзани со медиумите. Бил говорник, предавач и ментор на бројни настани и работилници поврзани со новинарство, медиумска писменост и комуникации.
Добитник е на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство и Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ на Здружението на новинарите на Македонија.
Образование:
Дипломиран новинар,
Правен факултет „Јустинијан Први“ - УКИМ
Области на експертиза:
Продукција и уредување на новинарски содржини
Медиумскa писменост и верификација на факти
Анализи на јавни политики
„Сторителинг“ и визуелизации
Управување со дигитални и социјални платформи.

ЛОКАЦИЈА

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ