NEWS AND EVENTS
RESEARCH INSTITUTE ON SOCIAL DEVELOPMENT

Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија.   

Mladi aktivizam Pixabay

Илустративна фотографија / Pixabay

 Младите кои ќе се пријават на повикот треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • да се на возраст 18 – 29 години;
  • да имаат завршено најмалку средно образование;
  • да имаат афинитет кон истражување и пишување;
  • да имаат интерес и желба да придонесат за локалната заедница во која живеат.

Целта на иницијативата Локал Актив e:

  • Да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија кои ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда.
  • Да се поддржат активистите на локалните граѓански организации кои се дел од медиумите на заедницата да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

За младите активисти кои би се вклучиле во изработка на стории за Локал Актив предвиден е финансиски надомест.

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба најдоцна до петок 18 септември 2026 година да достават куса биографија на следните мејл-адреси: 

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

SUPPORT

NGO Read More
INSTITUTIONS Read More

RESEARCH

PROJECTS Read More
PUBLICATIONS Read More