РЕСИС
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Марија Нашоковска

Магистер по јавна администрација
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Биографија

Марија Нашоковска работи во полето на мониторинг и евалуација повеќе од петнаесет години. Ангажманите на Нашоковска примарно се поврзани со спроведување на евалуации, проценки, развивање и воспоставување системи за M&E за различни програми. На крајот на 2017 година, беше ангажирана како Специјалист за M&E во развивањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација во Северна Македонија. Претходно, во два наврати, беше ангажирана како Специјалист за евалуација на импактот на проект поврзан со развој на локални стратегии за климатски промени во осум општини во Северна Македонија. Таа беше и национален евалуатор за оценка на резултатите од развојната помош што Шведската развојна агенција СИДА и ја додели на Македонија.

Нејзиното искуство на полето на M&E ги покрива областите на демократија и добро владеење, образование, деца, млади и климатски промени. Нашоковска е член на Европското друштво на евалуатори од 2006 година и учествувала на повеќе конференции  каде презентирала трудови од нејзината област. Моментално работи како Директор за Мониторинг, евалуација и учење на Проектот на УСАИД за Деловниот екосистем во Северна Македонија.

КОНТАКТ

ЛОКАЦИЈА

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ