РЕСИС
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Љубинка Поповска - Тошева

Експерт за статистика

Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
    
Биографија

Љубинка Поповска има осумнаесет години работно искуство во Државениот завод за статистика на Република Македонија (1985-2003 година) на работните позиции IT програмер (пет години) и раководител на одделението за методологии и статистички стандарди. Активно учествувала во развојот и трансформирањето на републичкиот завод за статистика во национална независна статистичка институција, согласно меѓународните и европските стандарди и барања. Во текот на своето професионално искуство работела на дизајнирање и водење на голем број анкети, како за потребите на Државниот завод за статистика, така и за повеќе меѓународни организации (УНДП, Светска банка) и приватни клиенти.

Има долгогодишно професионално искуство во: дефинирање на статистичка методологија, дизајн на структурирани прашалници, избор и обработка на примероци, дефинирање на правила за обработка, оцена на параметри и примерочни грешки, справување и пресметки на не-примерочни грешки, анализа на статистички податоци, статистички мета-податоци, класификации и др. Последниве десетина години се бави со начини на дефинирање, пресметки, толкување и употреба на статистичките показатели како индикатори за: одржлив развој, вработување, невработеност, неактивност, социјална вклученост, човеков развој, сиромаштија и др.

ЛОКАЦИЈА

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ