РЕСИС
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Јулијана Младеновска
Дипломирана компаративистка
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Биографија

Јулијана Младеновска е проектна асистентка и помлада истражувачка во Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС. Дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на насоката за Компаративни книжевни студии. 

Во 2019 се приклучува во Институтот РЕСИС како надворешен соработник во улога на кодерка - аналитичарка на содржините во детската програма. Во текот на 2020 се приклучува во тимот на Институтот РЕСИС како програмски асистент и е активно вклучена во акциското истражување за формирање на Мрежата од совети на публики и за основање на медиумската платформа на заедницата Локал Актив.

Таа има работено на повеќе истражувања и проекти поврзани со медиуми, родови прашања и маргинализирани групи, а има и долгогодишно работно искуство во областа на комуникации.

ЛОКАЦИЈА

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ