Ѓорѓи Митревски
Магистер по Менаџирање на стратегиски комуникации
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Биографија
Ѓорѓи Митревски има повеќе од петнаесет години искуство во областа на социолошките истражувања, истражување на медиумските публики и истражувањето на јавното мислење. Во текот на неговата кариера тој бил лидер на бројни истражувачки проекти во земјава и регионот соработувајќи со меѓународни организации и институции, локални институции и медиуми. Неговата експертиза ги опфаќа следниве области: креирање инструменти за квантитативни и квалитативни истражувања, дизајнирање примерок, пондерирање и обработка на податоци, статистичка анализа на податоци, модерирање на фокус групи, администрирање на длабински интервјуа и др.
Во периодот од 2008 до 2017 година работеше како директор на меѓународната истражувачка агенција ИПСОС за Македонија и Косово, при што негови главни задачи беа: координација на проектни активности, финансиска распределба и управување со проектните и човечките ресурси, развој на методологија за истражување, дизајнирање и одржување обуки за истражувачи, анализа на податоци и презентација на резултати. Беше ангажиран како Национален консултант на УНИЦЕФ во рамки на шестиот циклус на проектот Мултииндикаторско кластерско истражување (МИКС6) кое претставува најголемото теренско истражување на домаќинствата во земјата, наменето да ги пополни недостатоците од податоци за човековиот развој.