Љубинка Поповска-Тошева

Љубинка Поповска-Тошева
Експерт за статистика
Email: ljubinka.popovska@resis.mk
  
  
Области на експертиза
Методологија за изработка и обработка на примерочни истражувања • Статистичка анализа на податоци • Квалитет на истражувања
    
    
    
Биографија

Љубинка Поповска има осумнаесет години работно искуство во Државениот завод за статистика на Република Македонија (1985-2003 година) на работните позиции IT програмер (пет години) и раководител на одделението за методологии и статистички стандарди. Активно учествувала во развојот и трансформирањето на републичкиот завод за статистика во национална независна статистичка институција, согласно меѓународните и европските стандарди и барања. Во текот на своето професионално искуство работела на дизајнирање и водење на голем број анкети, како за потребите на Државниот завод за статистика, така и за повеќе меѓународни организации (УНДП, Светска банка) и приватни клиенти.

Има долгогодишно професионално искуство во: дефинирање на статистичка методологија, дизајн на структурирани прашалници, избор и обработка на примероци, дефинирање на правила за обработка, оцена на параметри и примерочни грешки, справување и пресметки на не-примерочни грешки, анализа на статистички податоци, статистички мета-податоци, класификации и др. Последниве десетина години се бави со начини на дефинирање, пресметки, толкување и употреба на статистичките показатели како индикатори за: одржлив развој, вработување, невработеност, неактивност, социјална вклученост, човеков развој, сиромаштија и др. Дел од позначајните проекти на кои била ангажирана се следниве:

  • Работела на воспоставувањето на статистичките системи на Босна и Херцеговина (2003-2006) и Црна Гора (2009-2011), како раководител на проекти финансирани преку програмите за техничка подршка на ЕУ (EC PHARE II technical assistance project “Technical Support to Statistical System in BiH” и EU technical assistance IPA 2007 project“Assisting Montenegro in approximating EU standards in statistics);
  • Учествувала во дизајнирањето на примерокот и оценувањето на Анкетата на работната сила во Македонија (1996-2000), како и на воспоставување на Анкетата на работната сила во статистичкиот систем на Босна и Херцеговина (2005-2006), во рамки на проект поддржан од УНДП;
  • Учествувала во дефинирањето на индикаторите за мониторинг и евалуација на националните стратегии: „Национална стратегија за социјална инклузија на Ромите во Декада на Ромите 2013-2015“ и „Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија (2010-2020)“.
  • Во пописите на населението во Македонија (1991,1994, 2002 година), пописот во Босна и Херцеговина во 2013 година и пописот во Молдавија во 2014 година, учествувала во дефинирање и организирање на евалуацијата на опфатот и квалитетот на пописните единици, преку дефинирање и спроведување на соодветни пост-пописни истражувања.
  • Од јануари 2018 година е ангажирана како статистичар на проектот на Светска банка и Министерството за труд и социјална политика „Условни парични трансфери“. Проектот има за цел да придонесе кон олеснување на актуелната состојба со сиромаштијата во Македонија и подобрување на човечкиот капитал, на тој начин намалувајќи го трансгенерациското пренесување на сиромаштијата на долг рок.

 

Образование

  • Дипломиран математичар, Математички факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“