Ѓорѓи Митревски

Ѓорѓи Митревски
Магистер по Менаџирање на стратегиски комуникации
Email: gjorgji.mitrevski@resis.mk

Области на експертиза
Истражувања на општествениот развој • Истражувања на публиката и на јавното мислење • Истражувања на стратегиското кoмуницирање • Проектен менаџмент • Евалуациски истражувања

 

Биографија

Ѓорѓи Митревски има повеќе од петнаесет години искуство во областа на социолошките истражувања, истражување на медиумските публики и истражувањето на јавното мислење. Во текот на неговата кариера тој бил лидер на бројни истражувачки проекти во земјава и регионот соработувајќи со меѓународни организации и институции, локални институции и медиуми. Неговата експертиза ги опфаќа следниве области: креирање инструменти за квантитативни и квалитативни истражувања, дизајнирање примерок, пондерирање и обработка на податоци, статистичка анализа на податоци, модерирање на фокус групи, администрирање на длабински интервјуа и др.
Во периодот од 2008 до 2017 година работеше како директор на меѓународната истражувачка агенција ИПСОС за Македонија и Косово, при што негови главни задачи беа: координација на проектни активности, финансиска распределба и управување со проектните и човечките ресурси, развој на методологија за истражување, дизајнирање и одржување обуки за истражувачи, анализа на податоци и презентација на резултати. Моментално работи како Национален консултант на УНИЦЕФ во рамки на шестиот циклус на проектот Мултииндикаторско кластерско истражување (МИКС6) кое претставува најголемото теренско истражување на домаќинствата во земјата, наменето да ги пополни недостатоците од податоци за човековиот развој, особено во однос на децата и жените, како и за мерење на напредокот на Millennium Development and World Fit for Children Goals. Дел од проектите на кои беше ангажиран во последниве години се следниве:

  • Од мај 2007 до април 2017 година беше раководител на истражувањето „EU Programme of Business and Consumer Surveys”, дизајнирано од Европската Унија за добивање информации за состојбата на економиите и деловните циклуси во земјите-членки на ЕУ и државите кандидати за целите на управување со ЕМУ (Економска и монетарна унија).
    https://ec.europa.eu/info/business-economy-euro/indicators-statistics/economic-databases/business-and-consumer-surveys_en.
    http://ec.europa.eu/economy_finance/db_indicators/surveys/documents/bcs_user_guide_en.pdf
  • Во периодот од септември 2015 до јануари 2016 година беше задолжен за дизајнирање на методологијата за истражување и спроведување на проектот „Анализа на ситуацијата на децата во движење во Македонија”, наменет за собирање, анализа и интерпретација на податоци за ранливоста и потребите за заштита на бегалците и мигрантите во движење во бегалските кампови во Македонија, за потребите на УНИЦЕФ Македонија и други релевантни страни во регионот.
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Situation_Analysis_Of_Children_On_The_Move_2016.pdf
  • Во текот на 2015 година го раководеше истражувачкиот тим на проектот „Поддршка во борбата против непријавената работа во Македонија”, финансирана од EuropeAid, студија врз основа на која Министерството за труд и социјална политика во Македонија работеше на сеопфатни политики за решавање на проблемите поврзани со непријавена работа.
  • Во 2015 година ја дизајнираше методологијата за истражување и го водеше истражувачкиот тим на проектот „Бариери и тесни грла за ромските семејства со деца за пристап до здравствено осигурување” со кој УНИЦЕФ Македонија обезбеди поддршка на Државниот Фонд за здравствено осигурување, Министерството за здравство и релевантни организации од граѓанското општество во одредувањето на опфатот на здравственото осигурување во општините со највисока густина на ромска популација.
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Analysis_of_barriers_to_health_insurance_EN.pdf
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Policy_Brief__EN.pdf
  • Во 2011 година, во име на агенцијата Ипсос, беше задолжен за реализација на истражувањето „Мултииндикаторско кластерско истражување (МИКС4)”, координирајќи ги активностите на релевантните партнери: Државниот завод за статистика, УНИЦЕФ, Институтот за јавно здравје и други засегнати страни.
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/MICS_ENG_FINAL_websize.pdf
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/MICS_Infografics_ENG22April.pdf

 

Образование

  • Магистер по Менаџирање на стратегиски комуникации, Институт за комуникациски студии, Скопје
  • Дипломиран машински инженер, Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје