Снежана Трпевска

Снежана Трпевска
Доктор по социолошки науки
Email: snezana.trpevska@resis.mk

Области на експертиза
Методологија на општествените истражувања • Истражување на стратегиското кoмуницирање • Истражувања на публиката • Медиумска политика • Медиумскa писменост

 

Биографија

Истражувачките интереси на д-р Трпевска се движат во неколку полиња: социологијата на масовните комуникации, студиите на новинарството и на медиумите, медиумската политика и регулација и методологијата на општествените истражувања. До јули 2009 година била вработена во Советот за радиодифузија како Раководител на Секторот за истражување и стратегиски развој. Од 2008 година таа е ангажирана како предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а од 2013 година како доцент на Институтот за комуникациски студии од Скопје.
Во текот на минатите години таа има учествувано во голем број академски и применети истражувачки проекти поврзани со слободата на изразување и медиумскиот плурализам, медиумската концентрација и регулацијата на радиодиф¬узијата, ставови и преференци на публиката и етиката во новинарството. Дел од поновите проекти на кои е ангажирана се следниве:

  • Во периодот од септемри 2013 до мај 2015 беше ангажирана како клучен експерт за правни/регулаторни прашања за медиумите во рамки на проектот „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за медиуми и за електронски комуникации за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги“, што се спроведуваше во рамки на ИПА 2009 (EuropeAid/129857/D/SER/MK).
  • Од септември 2014 до декември 2016 година беше дел од тимот на научно-истражувачкиот проект: „Перспективи и развој на јавните емитувачи: Компаративна студија за развојот на јавните РТВ сервиси на Западен Балкан во светлината на ЕУ интеграциите“, што го координираше Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ од Сараево (http://www.analitika.ba) , во соработка со Универзитетот во Фрајбург од Швајцарија. (http://www.unifr.ch/home/welcomeE.php).
  • Од јануари 2014 до декември 2016, таа го водеше Работниот пакет 3 – Медиумите и Јавноста, во рамки на проектот финансиран од Рамковната програма 7 на Европската комисија: INFOCORE (Informing Conflict Prevention, Response and Resolution), http://www.infocore.eu/
  • Во февруари 2016, избрана е за Ракоодител на компаративната истражувачка студија: Индикатори за нивото на медиумските слободи и безбедноста на новинарите од Западен Балкан, спроведена во рамки на проектот финансиан од ЕУ: Регионална платформа на Западен Балкан за застапување за медиумските слободи и безбедноста на новинарите.
    http://safejournalists.net/wp-content/uploads/2017/02/Full-WB-Indicators-media-freedoms-2016-Comparative-Analysis-ENG.pdf.pdf
  • Од јануари 2017 таа е дел на истражувачкиот тим на Центарот за медиумски плурализам од Фиренца, Италија, во рамки на кој се спроведува проектот “Проценка на ризиците за медиумскиот плурализам во ЕУ и пошироко: примена на инструментот за Мониторирање на Медиумскиот Плурализам (MPM 2017) во 30 земји”, во рмки на кој ќе се спроведе и проценка за состојбата со медиумскиот плурализам во Македонија.
    http://cmpf.eui.eu/media-pluralism-monitor/
  • Од јули 2017 до март 2018 година таа е дел на тимот од шест меѓународни експерти кои работат на сеопфатна Анализа на медиумскиот сектор на Црна Гора, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементирана во рамки на проектот на Советот на Европа JUFREX (Reinforcing Judicial Expertise on Freedom of Expression and the Media in South-East Europe).

 

Образование

  • Доктор по социолошки науки, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
  • Магистер по комуникации, Институт за социолошки и политичко правни истражувања
  • Дипломиран социолог, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“